Металург подготви изненадување за своите навивачи по повод стартот на продажбата на билетите за натпреварите во Лига на шампионите во ракомет.
Ракометните ѕвезди Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски, Дарко Станиќ, Ванчо Димовски…. ќе се најдат во улога на вработени во продажниот салон на Tobacco кој се наоѓа на плоштадот „Пела” во центарот на Скопје.
Сите фанови кои сакаат да се фотографираат со ракометарите, да добијат билети со автограм од Мојсо, Жути, Даре, Ванчо, Диви и останатите и да се дружат со нив може да поминат кај салонот на Tobacco на плоштадот „Пела” кај порта „Македонија” восабота во 12.00 часот.
Најсреќните ќе добијат маичка и постер од Металург.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: