Таксист исфрлил мајка со бебенце надвор од своето возило

 

Жена со нејзината малолетна ќерка и бебе што имало само 36 дена биле исфрлени од таксист од фирмата „Камео“ во Пула.

Причината за исфрлањето од таксито била тоа што таксистот дознал дека тоа не биле патниците кои се јавиле за таксито.

Сопругот на жената и таксистот се степале при што биле приведени во полиција.

Сопругот на жената изјавил:„Отидов да го земам моето семејство, но колата ми се расипа, па се јавив во такси служба за да ги земе. Таксито дојде и ги зема, а потоа добив повик од мојата сопруга дека таксистот ги исфрлил од таксито. Сопругата одбила да излезе, но откако и ја исфрлил количката на улица , таа немала избор“

Пронајдете не на следниве мрежи: