Група возрасни јавни работници од рускиот град Ростов Велики во Јарославската област, имаат намера во градот повторно да кренат споменик на Владимир Илич Ленин, пишува „Комсомолскаја правда“.
Според рускиот весник, пензионерите не биле во состојба да порачаат нов споменик на лидерот на болшевичката револуција затоа што немале доволно средства. Затоа тие тргнале да ги обиколуваат запустените колхози и неактивни претпријатија од градот и областа за да откријат некој исфрлен споменик. И во еден двор нашле „одличен двометарски Илич од чист бакар“.
Ентузијастите на сопственикот на претпријатието требало да му платат речиси 60.000 рубљи (1.480 евра) по цена за секундарни суровини.
Почитувачите на советската власт го извадиле и измиле споменикот на својот идол, но неговото инсталирање во градот ќе се забави затоа што прво треба да има јавна дебата за ова прашање. Но, ветераните се убедени дека победата ќе биде нивна, заклучува „Комсомолскаја правда“.
Пронајдете не на следниве мрежи: