23-годишниот осомничен за убиството и ранувањето во Aрачиново и понатаму е во бегство

Еден од двајцата браќа кои го застрелаа 50-годишниот од Арачиново, притоа ранувајќи го синот на убиенот, останува недостапен на органите на прогонот. Судот им одреди 30-дневен притвор на двајцата осомничени Ш.Ш. 23-годишник и Е.Ш. 30-годишен од село Арачиново, но само постариот брат е во Шутка. Обвинителството обелодени дека убиството е извршено за долг од 7 илјади евра.

„Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство-Скопје донесе наредба за развој на истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години, кои се сомничат за сторено кривично дело – Убиство и обид за убиство. Заеднички и намерно го одзеле животот на едно лице и се обиделе да му го одземат животот и на неговиот син, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, односно долг од 7000 евра, кој сега починатиот го имал кон починатиот татко на двајцата осомничени“, велат од Основно јавно обвинителство – Скопје.

Покрај идентификацијата на осомничените во овој случај, идентификувано е и возилото со кое е извршено кривичното дело. Автомобил „ауди А5“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на Е.Ш. е пронајдено и одземено. Според Обвинителството, двајцата браќа се договориле да се сретнат со таткото и синот, постариот брат тргнал кон нив за физички да се пресмета, додека помалиот брат извадил огнено оружје и пукал неколку пати во жртвите. Нападнатиот татко починал, додека неговиот син се здобил со тешки повреди. Двајцата осомничени веднаш со автомобил го напуштиле местото на настанот, додека постариот брат подоцна бил пронајден и приведен, а по помладиот се трага.

Пронајдете не на следниве мрежи: