Знаете како викаат постарите „прашај паталец, а не гаталец“.
Со оглед на тоа дека денес врие од експерти за сѐ, подобро ви е да бидете добро информирани. Ако некогаш сте помислиле да почнете сопствен бизнис, послушајте ги овие совети на дизајнерката Жастин Леконт која лично поминала низ истиот процес.
„Ова се 23 работи кои посакувам некој да ми ги кажеше кога го почнував мојот онлајн бизнис – од маркетинг и продажба, до финансирање и е-трговија… се надевам ова видео ќе ви биде корисно ако разислувате да станете млад претприемач“, вели таа.