Скопски филмски фестивал

Вчера вечер, во киното Милениум, со „Сен Амур“,  филмот што го отвори и последното издание на Берлинскиот филмски фестивал,  беше отворено 19. издание на Скопје филм фестивал.  Се работи за најновиот филм на  белгиско – францускиот режисерски  двоец Беноа Делепин и Густав Керверн (Benoît Delépine, Gustave Kerver) , со Жерар Депардје и Кјара Мастројани во главните улоги, а во која се појавува и познатиот француски писател Мишел Уелбек.Фестивалот продолжува со годинешната програма, за која селекцијата на филмовите ги направи Татајана Јаневска за програмата на Авторски филм,  
Навид Сарем, од Франција, кој ја направи селекцијата за програмите Фокус на францускиот филм и Панорама на светскиот филм.
Сарем е професионалец во европската филмска индустрија и од Париз пристигна во Скопје специјално за фестивалот.  
Селекцијата на кратки филмови ја направи филмскиот критичар Владан Петковиќ од Србија, кој пишува за „Screen Intrnational“ и е селектор за неколку фестивали.
Во Кинотека на Македонија во недела, 24 април, ќе се одржи проекцијата на македонско – германскиот долгометражен документарен филм „Маргина“ на режисерот Љупчо Темелковски.  Документарецот е за едно ромско семејство кое се издржува со препродажба на дрва за огрев, но, опкружено со расизам и омраза, семејството решава да емигрира.

Програмата на Скопски филмски фестивал:
24.04.2016
16,00 Милениум
ШТО СУМ НАПРАВИЛ ЗА ДА ГО ЗАСЛУЖАМ ОВА?
Режија: Pedro Almodovar
Земја: Spain
Времетраење: 101 мин.
Дисфункционално семејство во Мадрид: Глорија е чистачка што живее во пренаселениот стан со Антонио, нејзиниот груб сопруг, таксист и фалсификатор кој ја обожава остарената германска пејачка на која ѝ бил возач; двата сина тинејџери кои ги откриле дополнителните предности на растурањето дрога; нејзината свекрва која е обземена со себеси и има домашно милениче гуштер. Но Глорија гладува за подобар живот или барем за почеток, секс со потентен маж.Сето ова е само комична заднина за вистинскиот фокус на Алмодовар – нервниот слом на работничка во урбана средина, која не простува.
18,00 Милениум
БЕЛЏИКА/ BELGICA
Режија: Felix Van Groeningen
Земја: Belgium/France
Времетраење: 127 мин.
Режисерот кој беше номиниран за Оскар со филмот „Скршен круг“ се враќа со уште една музички богата приказна за односите, овој пат фокусирајќи се на двајца браќа кои отвораат епски рок клуб и кои не сфаќаат кога забавата ќе заврши. Позади веселиот нихилизам на лудите ноќни излегувања е  и одличниот саундтрак на Соулвакс, посебно направен за овој филм.  Оваа драма на Феликс ван Гренинген, премиерно беше прикажана на фестивалот „Санденс“. 
20,00 Милениум
МАЖИ И КОКОШКИ/MAN AND CHIKEN
Режија: Anders Thomas Jensen
Земја: Denmark
Времетраење: 104 мин.
Највпечатливиот филмски талент од Данска, по Ларс фон Трир, Андерс Томас Јенсен („Зелените касапи“, „Адамовите јаболка“) не само што ги поместува границите, тој пројурува низ нив и ги срамнува со земја. По десет години пауза, во својот нов филм „Мажи и кокошки“ (кој веќе ги урна рекордите на киноблагајните во сопствената земја) Јенсен понудува пресмешна неконвенционална сатира за семејството и наследството која служи како изненадувачки замислена медитација на она што нѐ прави луѓе. Мадс Микелсен игра во оваа делирична комедија за двајца неспособни браќа кои се упатуваат кон трошната вила на далечниот остров, за да се сретнат со својот биолошки татко.
Искреиран до совршенство и користејќи смешно болна палета на исплакнати сиви и кафени тонови, филмот сигурно ќе навреди многумина со својата горчлива интелигенција и бизарна апсурдност.
22, 00 Милениум
МОЈАТА ГОЛЕМА НОЌ/MY BIG NIGHT
Режија: Alex de la Iglesias
Земја: Spain
Времетраење: 100 мин.
Подготовките за спектакуларна новогодишна ТВ-емисија се претвораат во комичен хаос во храбриот и луд филм на шпанскиот мајстор за црни комедии, Алекс де ла Иглесија („Перита Дуранго“,„Вештерките од Загарамурди“).
Оваа урнебесна комедија со голема актерска екипа е сатира од шоу-бизнисот и не води зад кулисите на забавна ТВ-емисија што наидува на толку пречки и проблеми што учесниците ќе бидат среќни ако го преживеат снимањето.Фестивалот продолжува со годинешната програма, за која селекцијата на филмовите ги направи Татајана Јаневска за програмата на Авторски фи

Пронајдете не на следниве мрежи: