Во близина на гостиварското село Чегране изутрината беше означен почетокот на првиот „Гостивар Параглајдинг Куп 2012“.
На дводневниот натпревар учествуваат педесетина параглајдеристи од Македонија, Косово и Албанија. Полетувањата се од планината Сува Гора, во близина на селото Корито, а за денеска и утре се предвидени шест рунди летови.
Активностите за одржување на првиот куп во параглајдерство во Гостивар се во организација на летачкиот клуб „Кондор“ од Гостивар.
– Овој настан има регионален карактер и е дел од шампионатот кој годинава се организира. Освен натпреварот во дисциплината прецизно слетување, ќе има и ревијален дел во кој овие спортисти ќе прикажат дел од своите вештини, изјави Ментор Саити, претседател на ЛК „Кондор“.
Прогласувањата на најдобрите е закажано за утре во хотелот „Игнација“.
Пронајдете не на следниве мрежи: