НБА ѕвездата Коби Брајант упати интересен предлог до најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси…
„Предлагам да се замениме. Тој нека помине една недела во Лејкерси, а јас една недела ќе бидам со неговата Барселона”, рече Брајант на прес конференција во Истанбул, каде што во петок присуствуваше во рамки на маркетиншката кампања на Туркиш Ерлајнс, воздухопловна компанија која воедно е спонзор и на каталонскиот фудбалски гигант.
Не е тајна дека Брајант е голем љубител на фудбалот, што го засакал уште додека како дете живеел во Италија, каде што неговиот татко играл кошарка.
Брајант навива за Барселона и отворено и се восхитува на фудбалската вештина на аргентинскиот волшебник со кој сними реклама за турската компанија.
„Јас давав голови со кошаркарска топка, а тој кошеви со фудбалска”, откри дел од содржината од спотот што ќе биде пуштен во декември.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: