Убедлив пораз од Бјасен за ракометарките на Металург

 

Ракометарките на Металург и оваа сезона нема да играат во Лигата на шампиони, откако на квалификациониот турнир во Трондхајм, загубија убедливо од домашниот Бјасен со 19:29 (7:16).

Ракометарките на Бјасен уште во првото полувреме, благодарение на добрата игра во одбраната, се стекнаа со предност од 16:7. Во вториот дел норвежанките рутински го завршија предност, без проблем ја одржуваа предноста, која во еден момент стигна и до 14 голови (28:14). 

Најефикасна кај Металург со четири гола беше Пецевска, додека по три гола постигнаа Бајрамовска, Мечевска и Младеновска. 

Ракометарките на Металург во недела ќе играат за третото место на овој турнир, а противнички ќе им бидат поразените од мечот Букстехудер и Далфсен. 

Македонските шампионки ќе ги продолжат европските натпревари, но во Купот на победниците на куповите. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: