Мурињо се враќа во Англија

Тренерот на Реал Мадрид. Португалецот Жозе Мурињо е сигурен дека повторно ќе води екипа во Англија откако ќе му истекне договорот со шпанскиот фудбалски гигант.

Жозе Мурињо кој со Челзи во 2005 и 2006 година освои две титули во Англија, изјави дека не му е важно кој клуб ќе го води во англиската Премеир лига, кога ќе се врати во Англија, иако чувствува љубов кон „сините”.

„Не можам да го негирам она што е јасно во мојата глава. По Реал Мадрид доаѓа Англија. Тоа е сигурно”, изјави Мурињо, кој покрај со Реал Мадрид и Челзи, освојуваше титули и со португалски Порто и италијански Интер.

На прашањето која екипа од Премиер лигата би сакал да ја води, Мурињо одговари „Во Англија, секој. Јас сум син, лондонски син, но сум професионалец”.

Реал, инаку немаше добар стар оваа сезона, беше поразен во два од четири натпревари во шпанската Ла Лига пред во првото коло од Лигата на шампионите во драматичниот меч на својот „Сантјаго Бернабеу” да го совлада англсикиот шампион Манчестер Сити со 3:2.

Поранешниот клуб на Мурињо, Челзи минатата година победи во Лигата на шампионите, што не му појде од рака на Португалецот со овој клуб, но Мурињо смета дека многу му недостига напаѓачот Дидие Дрогба кој кариерата се реши да ја продолжи во Кина.

„Мислам дека Дрогба правеше голема разлика за нив. Не можете само да го замените Дрогба. На Челзи ќе му неостига Дрогба, и тоа веднаш е неколку бодови помалку”, рече Мурињо.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: