Фудбалерите на Металург забележаа победа над Напредок, во рамките на седмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Металург со головите на Крстев и Чурлинов постигнати во 45-та и 56-та минута обезбеди убава предност, но гостите од Кичево постигнаа гол во 81-та минута преку Симјановски.
Надежите на Напредок дека ќе може да стигне до бод ги урна Стевановиќ со погодокот во 86-та минута. Конечните Металург-Напредок 3:2 го постави Балази од пенал во последната минута од натпреварот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: