Баерн го победи Шалке, Борусија зариба во Хамбург

 

Фудбалерите на Баерн Минхен, победија во дерби натреварот, одигран во рамките на четвртото коло во Бундеслигата. Баварците, како гости, во Гелзенкирхен го совладаа Шалке со 2:0.

Целата работа играчите од Минхен ја завршија за само три минути, кога во 55-та и 58-та минута голови постигнаа Крос и Милер. Баерн има максимален старт на сезоната и заедно со Ајнтрахт се наоѓа на чело на табелата.  

Четвртото коло го донесе и првиот пораз на Борусија Дортмунд, играчите на актуелниот германски првак загубија во Хамбург, од истоимениот прволигаш со 3:2. 

Сон постигна два гола, а еднаш Вајденфелер го совлада Иличевиќ, додека двата гола за Борусија се дело на Перишиќ. Хамбургер дури во четвртото коло ги освои првите бодови во сезоната. 

Мајнц, во чии редови целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Николче Новевски, со головите на Иваншиц и Салаи, го совлада Аугзбург и стигна до првата победа во новото првенство. 

Без победник завршија дуелите Волфсург-Гројтер Фирт 1:1 и Фортуна-Фрајбург 0:0. 

Четвртата првенствина рунда во Германија ќе биде комплетирана во недела, кога ќе се одиграат натпреварите: Баер Леверкузен-Борусија Менхенгладбах, Вердер-Штутгар и Хофенхајм-Хановер. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: