Вардар Про освои бод против Загреб

 

Ракометарите на Вардар Про, одиграа нерешено 25:25, против домаќинот Загреб, во рамките на второто коло во СЕХА лигата.

Ракометарите на Вардар, актуелниот победник во ова натпреварување, имале можност за победа, бидејќи во последните две минути имале предност од 25:23, но до крајот Загреб со головите на Шпилер и Степанчиќ успеал да стигне до еден бод. 

Инаку Загреб на стартот од второто полувреме имал предност од пет голови 16:11, која играчите на Вардар ја анулирале за 10 минути со серија од 7:2. 

Прибак и Раковиќ со по пет гола биле најефикасни во редовите на Вардар, додека домашниот тим го предводел Степачиќ со шет голови. 

Двете екипи по две кола имаат по четири бода, Вардар во првото коло го победи Мешков, додека Загреб беше поуспешен од Слога. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: