Oпшто познато е дека љубовта ги тера луѓето да прават најразлични работи, притоа не размислувајки дали се воопшто опасни или незаконити. Особено машкиот пол е оној кој е попознат по правење на секакви работи само за да ја докаже љубовта на својата сакана.
Еден млад Русин влегол во московска цвеќара притоа заканувајќи се со пиштол во рацете и наместо пари од цвеќарата украл ружи за својата девојка. Заљубениот 20-годишен Русин за време на грабежот бил пијан, поради што дури и испукал неколку куршуми за време на грабежот. На крајот си отишол со пет букети ружи со вкупна вредност од 10.000 рубљи или 240 евра.
Нажалост, романтичниот крадец е уапсен саат време покасно во станот на својата девојка, а фатен е благодарејки на таксистот што го возел, револтиран од тоа што наместо пари и тој добил ружи.
Како што пишуваат руските медиуми, причината за грабежот е кавга од претходниот ден кога момакот бил исфрлен од страна на девојката поради тоа што дошол пијан и најверојатно без цвеќе : ) .
Пронајдете не на следниве мрежи: