Генералното собрание на навивачите на шпанскиот фудбалски гигант Барселона во саботата гласале за референдум за тоа дали треба да се гради или не нов стадион, кој би се одржал во сезоната 2014/2015 или 2015/2016.
„Социосите (навивачите на Брселона – з.р.) со 75,38 отсто од гласовите, го поддржаа одржувањето на референдум за проектот за нов Камп Ноу”, објави на својата интернет страница Барса.
При претставувањето на проектото потпретседателот на клубот задолжен за економски работи, Хавиер Фаус, во саботата му објаснил на собранието на навивачите дека се можни две опции – „обновување на сегашниот стадион или изградба на нов”.
„Во првиот случај трошокот на операцијата би изнесувал 300 милиони евра, додека во другиот случај не би се одело над 600 милиони евра”, изјави Фаус. Меѓутоа, тој при претставувањето на проектот истакнал дека „ништо нема да се преземе додека не се намали долгот”.
Референдумот за оваа иницијатива, така според Фаус, ќе се одржи или во сезоната 2014/2015 или 2015/2016, „еднаш кога долгот ќе биде сведен на најниско ниво”.
Макфакс
извор: AFP
Пронајдете не на следниве мрежи: