Црн ден за екипите од Милано во Серија А

 

Поразите на екипите од Милано и нерешениот резултат на Наполи во Катанија, го обележаа, некомплетното, четврто коло, во Серија А.

По оваа рунда сериозно се загрозени позициите на Андреа Страмачони (Интер) и Масимилијано Алегри (Милан). 

Поразот на Интер, на домашен терен од Сиена 0:2, е вистинска сензација во Серија А. Вергасола и Валијани во последните 17 минути од натпреварот ги постигнаа головите со кои Сина ги однесе бодовите од „Џузепе Меаца“. 

Милан загуби како гостин на „Фриули“ од Удинезе со 2:1, екипата на Алегри мечот го заврши со двајца грачи помалку поради исклучувањата на Запата и Боатенг. Ранежи и Ди Натале од пенал без стрелци за Удинезе, додека единствениот гол за Милан, кој има веќе три порази, го постигна Ел Шарави. 

Наполи не успеа да ја забележи и четвртата победа во сезоната, иако во Катанија, цели 88 минути играше со играч повеќе. Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Наполи. 

Аталанта во самиот финиш на натпреварот стигна до победата над Палермо, Рајмонди на две минути до крајот го постигна единствениот гол. 

Без победник, со резултат 1:1 завршија натпреварите Сампдорија-Торино и Болоња-Пескара.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: