Почина член од екипата на снимањето на новиот фил на Џони Деп

Член од екипата на филмот „Осамениот ренџер“ во кој игра актерот Џони деп се удави во огромен резервоар со вода, за време на снимањето на филмот.

Идентитетот на човекот се уште не потврден, а до несреќата дошло кога му запрело срцето додека нуркал во резервоарот.

Снимањето на филмот е прекинато поради несреќата на сетот.

„Со жалење ве информираме дека еден од членовите на екипата почина во локална болница. Ќе дадеме се од себе да ги разјасниме околностите за трагичниот случај“ изјави за порталот „ТМZ.com“ портпаролот на компанијата „Волт Дизни“.

Во моментот на несреќата, човекот бил во резервоарот со вода, обидувајќи се да поправи некој квар. Меѓутоа доживеал срцев удар и бил одвезе во најблиската болница, каде лекарите констатирале смрт.

Џони Деп во „Осамениот ренџер“ го игра Индијанецот по име Тонто, верен сопатник на херој од западот. По желба на режисерот Гор Вербински, приказната овој пат ќе биде претставена од аголот на Тонто.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: