Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал одиграа без победник 1:1 (1:0), во една од дерби средбите во рамките на петтото коло во Премиер лигата.
Двете екипи одиграа натпревар со многу силно темпо и двата тима имаа свои шанси да забележат победа, но на крајот поделбата на бодовите е најреалниот епилог.
Сити дојде до предност со голот на Лескот, во 40-та минута од натпреварот, а израмни Кошелни на осум минути до крајот на средбата.
Во последните две средби од петтото коло, победи забележаа домаќините – Тотенхем во малото лондонско дерби го победи КПР со 2:1, додека Њукасл минимално со 1:0 го совлада Норич.
Лидер во Англија по пет кола е Челзи со 13 бодви, еден повеќе од Манчестер Јунајтед, зад нив со по 10 бодови следуваат Евертон и ВБА. На дното од табелата се четири тима кои сеуште немаат победа во првенството: Норич, Ливерпул, КПР и Ридинг.
Следното коло го носи лондонското дерби помеѓу Арсенал и Челзи.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: