Двојките кои си дозволуваат еднаш неделно заедно да споделат шише добро вино, најверојатно, се посреќни од оние кои во целост избегнуваат алкохол. Истражувачите ги проучувале 1500 брачни двојки, барајќи од нив за нивната врска и заеднички навики, вклучувајќи ги и оние поврзани со консумирање алкохол. Излегува дека оние брачни другари кои од време на време во друштво на својот партнер, споделуваат едно шише вино, се посреќни од оние кои не го прават тоа.
Авторите на студијата, исто така, истакнаа дека задоволството од семејниот живот расте со секоја можност на партнерите меѓусебно да наздрават.
Времето поминато со партнерот пиејки вино или некој друг алкохолен пијалок правопропорционално ја зголемува шансата парот да биде среќен. Идеалната мерка е еднаш неделно, а дури 91 процент од жените и мажите откриле дека се чуствуваат далеку посреќни кога во овој интервал со својот партнер споделуваат чаша вино.
Иако во последно време во медиумите се пишуваат само негативните работи од алкохолот, ние би сакале да ви презентираме и еден од позитивните примери за нештото што одамна е дел од нашата култура – изјавува Џон Дафи, професор на Универзитетот во Бирмингам.
Дали ке ги послушате овие експерти оставаме на вас : )
Пронајдете не на следниве мрежи: