24 заболени од морбили во Струга, меѓу нив 6 се бебиња

Во епидемиолошката служба при подрачната единца на Центарот за јавно здравје во Струга се регистрирани 24 лица заболени од морбили.
Раководителот на епидемилошката служба Добриевое Кузманоски информира дека меѓу заболените има тримесечни бебиња и лица на возраст од 50 години.


-Повеќето од заразените се возрасни, но има шест бебиња до една година. Освен бебињата и еден повозрасен пациент, останатите сите се вакцинирани со МРП вакцина, некои со една, а некои со две дози, изјави Кузманоски за МИА.
Препорачува да се избегнува контакт со заразени лица и вакцинација на здравствените работници.
-Вакцинираните лица полесно го прележуваат вирусот, со лесна клиничка форма, додека кај оние без примена вакцина може да настанат поголеми компликации, вели Кузманоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.