Фрчкоски потврди дека СДСМ не се откажува од Тиранската платформа

СДСМ не планира да се откаже од спроведувањето и поддршката за тиранската платформа, и затоа ќе се обиде да ги одложи локалните избори. Идеологот на СДСМ, Љубомир Фрчковски, во интервју за 24 вести вели дека доколку сега би имало избори, СДСМ ќе доживее пораз поради поддршката на платформата.Ставот на Фрчковски е уште една потврда дека СДСМ нема намера да се откаже од албанската платформа – услов што го постави претседателот Иванов за добивање на мандатот, а како опција го понуди и ВМРО-ДПМЕ која во тој случај ќе даде поддршка на малцинска влада на СДСМ.
-Нормално сметам дека локалните избори ќе ги одложат никој не е будала, да оди на локални избори со Платформа: „ Гласајте против Платформата на Албанците, гласајте против СДСМ“. Како они мислат дека  тоа можат да го изведат ?, рече Фрчкоски.

Професорката по уставно право Гордана Силјановска, оценува дека албанската платформа во многу елементи е неуставна, и води кон бинационалност, што само би ја продлабочило кризата во Македонија.
За точката од тиранската платформа: „Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на Република Македонија, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ја зајакнува националната рамноправност на Албанското население“, професорката Силјановска смета дека е неуставна затоа што се руши принципот на мултиетничноста на државата.
-Албанската нација е државотворна нација и таа државотворност ја релизирала со создавањето на Албанската државотворност во 1912 година. Ако зборуваме за мултиетничност, тогаш инсистирањето на бинационалниот принцип, овде (платформата) нема ниту еден збор за другите национални заедници, тука не се споменати ниту Турци, ниту Срби, ниту Роми, ниту Власи, ниту Бошњаци, ги нема. Тогаш како може да збориме за мултиетничност, тоа не е мултиетничност, туку биетничност, вели професор Силјановска.

Професорката напоменува дека дека бинационалниот концепт само ќе ги продлабочи разликите меѓу граѓаните.
-Јас одговорно тврда дека бинационалниот концепт секогаш ќе ги продлабочува разликите и ќе доведува до нешто што се нарекува игра на победници и губитници, смета Силјановска.

Силјановска уште еднаш напоменува дека голем дел од одредбите од платформата се надвор од уставот. Таа тука ја спомена точката од платформата: „Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот“. Таа за оваа точка вели дека вовед федерализација на земјата.
-Претпоставувам се мисли не на граѓанска рамноправност, индивидуална, туку за целосна рамноправност на македонската и албанската заедница. Во сите федерации на етнички клуч, да се навратиме на југословенската, постоеше по Уставот рамноправност на шесте конститутивни народи и републики, тоа беше федерација, вели Силјановска
Силјановска се осврна и на барањето за промена на симболите на униформите и двојазичноста на банкнотите.
-Барањето за двојазичност на банкнотите или за симболите на униформите е исто така нешто што постои во федерацијата. Симболите многу често повеќе кажуваат од зборовите, изјави Силјановска.

Албанската платформа, која беше презентирана на Божиќ, а потпишана од лидерите на албанските партии од Македонија, заедно со албанскиот премиер Еди Рама. Со неа се предвидува воведување на албанскиот како втор официјален јазик на ниво на целата држава, а предвидува и дебата за националните обележја, како што се химната, знамето и грбот. Предвидено е Албанците да се вклучат и во преговорите за името со Грција и за идентитетот со Бугарија, а и да се изгласа Резолуција во Парламентот за осуда на наводниот геноцид што бил направен над Албанците во Македонија.Ставот на Фрчковски е уште една потврда дека СДСМ нема намера да се откаже од албанската платформа – услов што го постави претседателот Ивано

Пронајдете не на следниве мрежи: