24 април – Светски ден за заштита на лабораториските животни

Секоја година отприлика 35.000 животни во Европа, т.е. милиони ширум светот, изложени се на интензивно патење поради дискутабилни тестирања на козметички производи или на нивните состојки.Постои широк спектар на разновидни експерименти. Таканаречениот The Drazie Eye Test се применува во при студиите за иритирање на очите. Хемикалиите се капат во очите на зајачиња. Зајаците имаат многу послаб солзен систем од човекот и поради тоа “не плачат“ при поднесувањето на болка, па заради тоа научниците ги сметаат за идеални во вршењето на вакви тестови. Тие исто така не трепкаат при што се олеснува апсорбцијата на хемикалиите. За време на тестирањето промените во окото се пратат долго време. Никакво средство за олеснување на болката не им се дава на животните.
Таканаречениот LD50 тест за отровност е најозлогласениот од сите тестови (во Шведска е неодамна забранет, а во Британија уште во 1996, благодарејќи на организацијата BUAV) – смртноста на животните е околу 50%. Тестот започнува со труење на извесен број животни. Дозата отрови постапно се зголемува се додека 50% од животните не умрат (како би се востановила смртната доза). Отровот се дава со присилно хранење, инјектирање или инхалација, а притоа никакви средства за олеснување на болка не се даваат на животните. Овој тест е веќе долго време критикуван и нарекуван ненаучен и од самите научници (!) а освен тоа е исклучително суров и неописливо болен за животните.
Животните се трујат до смрт и во таканаречените „сигурносни тестови“. При истражувањата на разновидни болести над животните се вршат хируршки сакатења, ослепувања, животните се запалуваат, изгладнуваат, психолошки се мачат, им се вбризгуваат смртоносни вируси.
Skin Irritancy Test – како што кажува и самиот назив, со нив се тестира иритацијата на кожата, а вклучува аплицирање на состојки врз избричени делови на тело при одреден вид животни, најчесто врз заморчиња и зајаци. Во времетраење од една или две недели се разгледуваат промените на кожата – црвенило, инфекција, отоци, упали. Раните се ужасни, болката неподнослива, а  животните не добиваат никакви  средства за ублажување на болката.Постои широк спектар на разновидни експерименти. Таканаречениот The Drazie Eye Test се применува во

Пронајдете не на следниве мрежи: