24-годишничка се верила со 44 години постар маж: „Не сум со него поради пари и секс“

24-годишната Кони Котон се запознала со 44 години постариот Херб Дикерсон во засолниште за бездомници во нивниот роден град, каде што двајцата волонтирале и брзо се заљубиле и почнале да живеат заедно, пренесува „Дејли мејл“.
Минатата година и се вериле, а Кони тврди дека причината не се парите ниту сексот.
„Луѓето беа шокирани кога јас и Херб ја објавивме врската. Најчестите коментари се дека со него сум поради парите или дека тој е со мене бидејќи сака секс со помлада, но ние се сакаме“, заклучила таа.
„Двајцата бевме на рехабилитација и тоа е она што ме привлече кон него. Ме запроси минатата година кога прославував 18 години како сум трезна. Инаку за тоа добиваш медал, но тој дојде со прстен. Кога се запознавме, веднаш ме привлече“, рекла таа.
„Почнав да флертувам со него, а тоа многу го изненади. Почнавме повеќе време да поминуваме заедно, а потоа работите почнаа да се одвиваат брзо“.
„Моето семејство беше во шок на почетокот и не ја одобруваше врската. Беа загрижени за мојата сигурност, но со текот на времето го прифатија бидејќи видоа колку ме усреќува и дека можам да му верувам. Херб сега е дел од семејството“, објаснила таа.
„Размислував за тоа дека Херб нема да биде толку долго како мене, но попрво би поминала време со него отколку да се откажам од врска. Постојат многу предности во врска со постари мажи. Сакам едноставен живот без игри и компликации. Само сакам да живеам со моето семејство во среќа“, заклучила девојката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.