Морати: Интер и Милан не се дел од европската елита

 

Масимо Морати, претседателот на Интер, не го крие разочарувањето откако неговиот тим во неделата на домашен терен загуби од Сиена.

Интер има лош старт на сезоната, а далеку од вистинските резултати е неговиот градски ривал Милан, кој во првите четири кола има веќе три порази. 

Морати смета дека Интер и Милан повеќе не се дел од европската елита, бидејќи немаат доволно пари за вложување во квалитетни фудбалери. 

„Верувам дека Андреа Страмачони е добар тренер, но ние моравме да ја добиеме Сиена. Интер и Милан имаат добри фудбалери, но мислам дека повеќе не сме во врвот на европскиот фудбал. Не можеме да си дозволиме да купиме фудбалер кој вреди 20 или 30 милиони евра“, смета Морати.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: