Женската ракометна репрезентација на Македонија, како дел од подготовките за учеството на Европското првенство, следната недела, ќе одигра две контролни средби Црна Гора, репрезентација која на олимпијадата во Лондон го освои сребрениот медал.
Двете средби македонските и црногорските репрезентативки ќе ги одиграат во Охрид на 4 и 5 октомври.
Селекторот на Македонија, Гино Стрезовски, за овие две контролни средби повика 17 ракометарки, од кои само четири настапуваат во странство
голмани: Тања Андрејева, Дијана Наумовска, Ивана Цветановска, Ивана Зафирова
пикери: Робертина Мечевска, Наташа Младеновска, Марија Серафимовска
крила: Симона Гроздановска, Драгана Пецевска, Драгица Митрова, Матилда Атанасова
бекови: Мирејата Барјамовска, Душица Ѓоргиевска, Зорица Деспотовска, Марија Штериова, Билјана Црвенковска, Ивана Саздовска, Елена Ѓоргиевска
Меѓу повиканите ја нема Јулија Николиќ (Портјанко), која по завршувањето на квалификациите објави дека повеќе нема да настапува во националниот тим.
И црногорскиот селектор, Драган Аџиќ, за контролните дуели во Охрид повика 17 ракометарки, меѓу кои ги нема Поповиќ и Савиќ, кои се простија од репрезентацијата по олимпијадата во Лондон, додека на списокот се наоѓа Катарина Булатовиќ иако и таа најави дека повеќе нема да настапува во репрезентацијата.
Македонија на Европското првенство, чии домаќин е Србија ќе се натпреварува во група со Данска, Франција и Шведска.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: