Играчите и тренерот на фудбалскиот клуб Локомотив од Пловдив ќе бидат тестирани на детектор за лаги, по шокантниот пораз од последнопласираниот Ботев Вратса.
Локомотив во саботата загуби од екипата која имаше пет порази во серија, поради која Ботев се најде на последната позиција во бугарското првенство.
Сопственикот на Локомотив, Веселин Марешки, изјавил дека сака да биде сигурен дека зад поразот не стои ништо друго освен спортскиот фактор, па ги испратил играчите и тренерот на детектор за лаги.
„Никој не е осигуран против порази, но овој е навистина многу чуден“, појаснил Марешки.
Сомнежите за местење на натпревари во бугарското првенство се појавија на почетокот на месецот, кога националниот сојуз објави дека државниот обвинител покренал истрага поради тврдењата дека во новата сезона биле наместени четири натпревари.
Пред и да биде покрената истрагата од домашното првенство е исфрлена јуниорската екипа на Спартак од Плевен.
Макфакс
извор: sportnet.hr
Пронајдете не на следниве мрежи: