Влезници по цена од 150/400 денари за двата меча од квалификациите на Македонската сениорска фудбалска репрезентација, ќе ги има на сите продажни места на „Тобако“ и „Тугедер“ во земјава.
Во четврток ќе бидат пуштени во продажба картите за натпреварите на Македонската фудбалска репрезентација против селекциите на Хрватска и Србија.
Според информациите, цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за гледачите кои би сакале мечевите да ги проследат на трибините зад головите, додека пак цената за централните блокови на јужната и северната трибина ќе изнесува до 400 денари.
Неофицијално, има најава и за присуство на „БББ“ (навивачката група на Динамо од Загреб).
Извор: НоваМакедонија
Пронајдете не на следниве мрежи: