Конечното одбројување за историскиот скок на Феликс Баумгартнер од работ на вселената започна во понеделник, кога техничкиот проект директор на Ред Бул Стратос Арт Томсон соопшти дека сите системи во капсулата функционираат.
Датумот на кој Феликс ќе се обиде да скокне од височина од 36,576 метри е утврден за 8 октомври, откако претходно неколку пати беше одложуван поради проблеми со капсулата.
Австрискиот вљубеник во екстремни спортови треба да стане првиот човек што го пробил звучниот ѕид при слободен пад, а при тоа да постави уште четири други светски рекорди.
„Се чувствувам како тигар во кафез“, изјави 43 годишниот Баумгартнер, човекот кој во 2003 година првиот човек што во слободен лет го прелета Англискиот канал, со помош на карбонско крило.
Баумгартнер и Ред Бул Стратос со години се подготвуваат да го соборат рекордот за скок од највисоката точка, поставен уште пред повеќе од 52 години.
Капсулата, тешка 1,315 килограми, беше потешко оштетена при слетувањето за време на последниот тест скок на Баумгартнер од висина од 29,610 метри во јули. Тогаш Австриецот во слободен пад постигна брзина од 864 километри на час.
Главна цел на Ред Бул Стратос проектот е да собере вредни информации за науката кои ќе помогнат во подобрувањето на безбедноста на вселенските патувања.
Скокот исто ќе претставува обид за соборување на уште неколку рекорди, како најголема брзина во слободен пад, највисок скок, највисок управуван лет со балон и најдолго слободно паѓање.
Водачот на проектот Томсон се надева дека на 8 октомври временските прилики ќе бидат добри.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: