Казлаускас повторно селектор на Литванија

 

Јонас Казлаускас е именуван за нов селекотор на кошаркарската репрезентација на Литванија.

Искусниот стручњак минатата сезона беше тренер на ЦСКА Москва, со овој тим тој загуби во финалето на завршниот турнир во Истанбул од Олимпијакос. 

На клупата на литванскиот национален состав тој го наследи Кестутис Кемзура, кој во новата сезона ќе биде тренер на полскиот Проком. 

Казлаускас веќе има еден мандат како селектор на Литванија, во периодот 1997-2001, кога репрезентацијата на Олимписките игри во Сиднеј, во 2000 година го освои бронзениот медал. 

Во кариерата тој бил селектор и националните тимови на Кина и Грција. Како тренер Казлаускас работел и во Жалгирис, Лијетувас Ритас и Олимпијакос.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: