Директорот на трките во Формула 1, Чарли Витинг не штедел пофални зборови за патеката во Остин и дал зелено светло за одржување на трката за Големата награда на САД.
Патеката во Остин добила највисоки оценки и истата, која е претпоследна во календарот на Формула 1, ќе биде одржана на 18. ноември.
„Она што го видов е апсолутно првокласно, а напредокот кој е постигнат, од мојата последна посета во јуни, навистина е чудесен“, изјавил Витинг, дополнувајќи дека Формула 1 од оваа патека ќе го добие токму она што го очекува.
Првиот човек на трките во Формула 1 нагласил дека во три до четири кривини е можно претекнување.
„Кривината број еден е неверојатна. Тоa е единствениот збор на кој можам да се сетам. Убеден сум дека и возачите ќе го помислат истото кога ќе дојдат тука““, рече Витинг.
Последната посета на патеката во Остин ќе ја има на 12. ноември.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: