Перуанскиот интернационалец од редовите на Баерн Минхен влезе во историјата на Бундес лигата, како странец кој одиграл најмногу натпревари во елитниот ранг на германскиот фудбал.
Пизаро, во вторникот, на натпреварот со Волфсбург го одигра својот 337 натпревар во Бундес лигата. Перуанецот на вечната листа ги престигна Бразилецот Зе Роберто и Грузиецот Леван Кобијашвили.
На вечната бундеслигашка листа следуваат Сергеј Барбарез (300 натпревари), Оле Бјирнмосе (323), Деде (322), Хасан Салихамиџиќ (321), Давид Јаролим (318) и Пабло Тијам (311).
Клаудио Пизаро во Бундес лигата настапува веќе 13 години, кариерата ја започна во Вердер Бремен, од каде во 2001 година се пресели во Баерн.
По шест години минати во Минхен тој замина во Лондон, во редовите на Челзи, одкаде се врати во Вердер, а летово повторно потпиша за Баерн.
Како играч на Баерн во својот прв мандат освои три шампионски титули, и по една титулата во Купот, Суперкупот и Интерконтинеталниот куп.
Макфакс
извор: б92
Пронајдете не на следниве мрежи: