Притворен градоначалникот на Љубљана

Одделот на словенечката полиција за прогон на стопански криминал утрото во четвртокот почна пребарувања во куќи на повеќе локации, а словенечките медиуми наведуваат дека под истрага се претпријатија поврзани со градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Неофицијално, наведуваат медиумите, истрагата се води околу фирмата „Електа“, чиј основач е Јанковиќ, а сега е во сопственост на неговите синови, односно сите нејзини работи со препродажба на земјиште и градба на спортски сали во Стожице во Љубљана.

Полицијата објави соопштение во кое се вели дека на подрачјето на љубљанската полициска управа изведени се 23 куќни пребарувања, при што притворени се шестмина.

Според словенечките медиуми, меѓу нив е и Јанковиќ, кој е градоначалник на Љубљана и претседател на партијата Позитивна Словенија, најсилната партија во парламентот.

Некогашниот директор на Mercator по есенските предвремени парламентарни избори беше и кандидат за премиер, но неговиот обид за формирање парламентарно мнозинство не успеа.

Полицијата соопшти дека денешните истраги се дел од претказнената постапка која ја води државното обвинителство специјализирано за стопански криминал, а го покрена даночната управа пред една и пол година.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: