Јапонските физичари го синтетизираа 113-от елемент од Менделеевиот систем

 

Јапонските научници од физичкиот центар RIKEN објавија дека успеале да го синтетизираат 113-от елемент од периодичниот систем.

Елементот првпат беше добиен во 2003 година од страна на руските и американските физичари при експерименти врз синтезата на 115-от елемент, но тоа не беше признато од страна на Меѓународната унија за теоретска и применета хемија.

Во природата не постојат елементи со атомски број (број на протони во јадрото на атомот) над 92, односно потешки од ураниумот. Потешки елементи, како што е на пример плутониумот, може да се покажат во нуклеарни реактори, а елементите потешки од 100 (ферми) може да се добијат само во акцелератори со бомбардирање со тешки јони. При интеграцијата на целените јадра и „проектилите“ и се јавуваат јадрата на нов елемент.

Тим научници предводен од Косуке Морита во статијата објавена во магазинот Journal of Physical Society of Japan ги опишуваат резултатите од долгогодишните експерименти на линеарен акцелератор, кој се наоѓа во градот Вако во областа на престолнината Токио. Од 2003 година, истражувачите се обидуваат да го добијат 113-от елемент, со бомбардирање на акцелераторот на цели на бизмут-209 со јонски сноп од цинк-70, забрзуваат до една десетина од брзината на светлината.

Како резултат на тоа, тие биле во можност да регистрираат три вериги на распаѓање, коишто одговараат на настаните од „раѓањето“ на 113-от елементи, на  23-ти јули 2004 година, на 2-ри април 2005 година и на 12-ти август 2012 година. „Животот“ на јадрото на новиот елемент изнесувал од 4,9 до 0,3 милисекунди.

Јапонските научници веруваат дека нивното откритие може да биде основа Меѓународна унија за теоретска и применета хемија да го признае нивното откритие. Во тој случај, јапонските научници првпат во историјата ќе имаат право да го именуваат новиот елемент.

Меѓутоа, за признавање неопходна е и независна потврда – експериментот мора да се повтори во друга лабораторија или во вкрстена реакција.

„Ова е одличен резултат, но да се произведе ќе биде исклучително тешко, бидејќи ваков случај се регистрира приближно еднаш годишно, и не постои вкрстена реакција“, коментира за РИА Новости, Андреј Попеко, заменик директор на Лабораторијата „Флеров“ при Обединетиот институт за нуклеарни истражувања во Дубна.

Специјалистите од оваа руска лабораторија, имено, заедно со американските колеги во 2003 година првпат го добија 113-от елементи. Јадрата на овој елемент се произведувани како „спореден продукт” од експериментот на синтезата на елементот 115. Тогаш 115-от елемент беше добиен при реакција на фузија реакции на америциум-243 и калциум-48. При распаѓањето 115-от се конвертираше во 113-от елемент, кој од своја страна се распадна на полесни јадра. Овој резултат е официјално објавен во научното списание Physical Review C, во почетокот на февруари 2004 година. Во септември истата година, јапонските истражувачи објавија извештај за првиот случај на раѓање на 113-от елемент во реакцијата на бизмут и цинк.

Подоцна руските научници објавија дека им успеало да го добијат 113-от елемент при експериментот на синтезата на елементот 117. Во јуни 2012 година,  научниците од Дубна поднесоа извештај во Меѓународната унија за теоретска и применета хемија за признавање на 113-от, 115-от, 117-от и 118-от елемент, коишто тие први ги синтетизирале во Обединетиот институт за нуклеарни истражувања.

Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: