Штимац го објави списокот за мечевите со Македонија и Велс

 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Игор Штимац, го објави списокот на играчи на коишто смета за квалификациските натпревари со Македонија и Велс.

На списокот Штимац има 26 фудбалери, меѓу кои се двајца дебитанти, играчот од редот за врска на Динамо Загреб, Хорге Криз Кампос Самир и голамнот на Локомотив Москва, Дарио Крешиќ. 

По паузата поради повреда, поради која го пропушти и Европското првенство, во националниот тим на Хрватска се враќа дефанзивецот на Олимпик Лион, Дејан Ловрен. 

Голмани: Плетикоса, Суботиќ, Крешиќ

Одбрана: Чорлука, Срна, Шимуниќ, Шилденфилд, Стриниќ, Вида, Ловрен, Памиќ.

Ред за врска: Ракитиќ, Бадељ, Крањчар, Вукојевиќ, Модриќ, Иличевиќ, Перишиќ, Радошевиќ, Самир.

Напад: Едуардо, Манџукиќ, Олиќ, Јелавиќ, Калиниќ, Вукушиќ.

Репрезентацијата на Хрватска на 12-ти октомври ќе гостува во Скопје, а четири дена подцна на домашен терен ќе игра против Велс.

 

Макфакс

извор: vecernji.hr

Пронајдете не на следниве мрежи: