Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа победа на Бетис, во одложениот натпревар од третото коло во Примера дивизија.
Натпреварот, кој требаше да се одигра на почетокот на месецов, беше одложен поради настапот на Атлетико во Суперкупот на Европа. До победата во Севиља од 4:2, „јорганџиите“ дојдоа откако во второто полувреме направија целосен пресврт.
Бетис дојде во водство со голот на Агра во 26-та минута, но само две минути подоцна израмни Фалкао. Во финишот на првиот дел Бетис повторно поведе со автоголот на Хуанфран.
Екипата од Мадрид пресвртот го најави на стартот од второто полувреме, Фалкако во 48-та минута погоди од пенал, претходно црвен картон кај Бетис доби Перкис. Шест минути подоцна Диего Коста му носи водство на Атлетико, а конечниот резултат го постави Гарсија во последната минута од натпреварот.
Бетис мечот го заврши со девет играчи, откако во 78-та минута беше исклучен и Кембел.
Атлетико со четвртата победа во сезоната се искачи на второто место на табелата, веднаш зад Барселона која има максимален ефект, Бетис и покрај поразот со девет бодови остана на шестата позиција.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: