25 показатели кои укажуваат на тоа дека сте жена од која луѓето се плашат

Имате мислење за многу работи и едноставно не знаете како да го задржите мислењето за себе.
Го кажувате она што го мислите и го мислите она што го кажувате.
Никогаш не започнувате кавга, но не се повлекувате ако некој друг ја започне. Вашите аргументи секогаш се цврсти.
Имате високи стандарди за тоа кои луѓе можат да влезат во вашиот живот.
Имате дури и повисоки стандарди за мажот со кој сакате да го поминете вашиот живот.
Сакате работите да ги правите на свој начин.
Не поднесувате драми, но ќе се борите за себе ако така налага ситуацијата.
Сакате да бидете главни, да преземете контрола и правите сѐ за да се чувствувате моќно.
Другите луѓе мислат дека држите до себе затоа што знаете што сакате.
Секогаш сте се воодушевувале на силни и моќни жени.
Никогаш не сте мислеле дека морате да се однесувате како маж за да бидете успешни.
Не се плашите да побарате покачување на плата, затоа што знаете колку вредите.
Секогаш го добивате она што го сакате.


Не се плашите да бидете сами.
Кога сте во врска, го барате она што ви е потребно. Правите компромиси, но не секогаш и не за сѐ.
Ако некој ве изневери знаете како да направите да се покајат за своите дела.
Никогаш не се одмаздувате, знаете дека успехот е најдобрата одмазда.
Секогаш им простувате на вашите непријатели, но никогаш не ги заборавате нивните имиња.
Не се извинувате за тоа што плачете или не плачете.Вие уживате во вашите квалитети и ги прифаќате вашите слабости и се трудите да се развивате како личност.
Ги заплашувате луѓето со својата самодоверба.
Алергични сте на човечката глупост и не се двоумите да го соопштите тоа.
Вие секогаш се борите за она што го сакате.
Не се грижите за тоа што ви велат дека сте „тешка личност“.
Секогаш сте средени и уредни – во секоја прилика!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.