Од утре цигарите низ Македонија со повисока цена. Малопродажните места веќе добија информација дека од утре цигарите поскапуваат од 3 до 5 денари по кутија.Нови цени ќе имаат сите цигари на Тутунскиот комбинат Прилеп, меѓу кои и најпопуларните Бренд.
Поскапуваат и брендовите Европа, Сан како и новите варијации на Марлборо кои од 90 денари добиваат нова цена која ќе изнесува 95 денари за една кутија.
Дополнително, од 1 јули годинава се зголемува и акцизата за цигарите што ќе повлече ново поскапување од 3 денари по кутија.