25 Февруари НА ДЕНЕШЕН ДЕН…

1972.­ Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се варти на Земјата со примероци од тлото на Месечината.
1949.­ Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24 април 1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20­годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет “Кирил и Методиј”, а на 12 ноември 1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот “Кирил и Методиј” пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи “Свети Кирил и Методиј”.1570.­ Папата Пие Петти иако од црквата ја екскомуницира англиската кралица Еилизабета Прва тоа не влијаше на нејзиниот цврст став кон Католичката црква и воопшто католичките верници во Англија. Меѓу жртвите на репресија се најде и семејството на Вилијам Шекспир, исклучителен католик, за кого денеска има многу малку современи податоци.
1707.­ Роден е италијанскиот писател Карло Голдони, обновител на италијанската комедија. Дела: комедиите „Мирандолина“, „Рибарски караници“, „Коцкар“, драмата „Далматинка“.
 1723.­ Умре англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралското друштво во Лондон (академија на науките) и негов прв претседател од 1680 до 1682 година. По пожарот кој го опустоши Лондон во 1666 година, вклучувајќи и 53 цркви, проектираше низа зданија, меѓу кои и монументалната катедрала „Свети Павле“.
1778.­ Роден е аргентинскиот генерал и национален херој Хосе де Сан Мартин, ослободотел на Аргентина, Чиле и Перу од шпанските колонијални власти. Заедно со Симон Боливар го предводеше јужноамериканското движење за независност. Го укина ропството, ја прокламираше слободата на печатот, основа библиотеки и настојуваше културно да ја препороди својата земја.
 1841.­ Во Лимож е роден Огист Реноар, француски сликар, еден од најистакнатите претставници на импресионизмот. Разви сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимаваше и со вајарство. Најпознати негови слики се “Капачки”, “Мулен” и “Лулашка”. Со своите слики првпат се појави на изложба на импресионистите во Париз, во 1874 година. Умре во Кан, на 17 декември 1919 година.
1842.­ Роден е Карл Мај, германски писател. Беше најтиражниот германски автор. Дела: „Винету“, „Богатство во сребреното езеро“, „Синот на ловецот на мечки“, „Од Багдад до
1866.­ Во Пескасерол е роден Бенедикт Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обиде да го ревидира марксизмот и отворено истапуваше против него, а беше и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“, „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Умре во Неапол, на 20 ноември 1952 година.
1873.­ Роден е Енрико Карузо, прочуен италијански оперски пејач. Со незаборавните интерпретации на оперите на Верди, Маскањи, Леонкавало и Пучини на сцените низ целиот свет, стана најславен тенор на своето време. Умре во 1921 година.
1885.­ Германија воспостави колонијална управа над Тангањика и Занзибар.
1899.­ Умре основачот на британската новинска агенција Ројтер ­ Паул Јулиус фон Ројтер, по потекло германски Евреин и вистинско име Израел Бир Јосафат. Исвесно време работеше во новинската агенција Авас во Париз, а потоа ја основа новинската агенција Ројтер кој и денес се вика по него. Ројтер по француската Авас (денес Франс прес) е втора најстара новинска агенција во светот.
1923.­ Во Струмица е роден Александар Думов, доајен на Народниот театар во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Освен во театарот во Струмица, како артист и режисер, има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Умре во Скопје, на 25 ноември 1989 година.
 1925.­ Во Свиленград, Бугарија, од ванчомихајловистите е убиен Георги Скрижовски (Георги Радев Иванов), македонски револуционер, учител и војвода и член на ВМРО. За време на Младотурската револуција беше еден од раководителите на НФП. Учесник е во Балканските војни и во Првата светска војна. Роден е во селото Скрижово, Драмско, во 1880 година.
1944.­ Во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција е убиен Кузман Јосифовски ­ Питу, народен херој на Македонија. Роден е во Прилеп, на 23 јуни 1915 година.
1949.­ Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24 април 1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20­годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет “Кирил и Методиј”, а на 12 ноември 1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот “Кирил и Методиј” пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи “Свети Кирил и Методиј”.
 1954.­ Египетскиот претседател Мухамед Нагиб беше принуден да поднесе оставка, а целата власт како премиер и претседател на Револуционерниот совет ја презеде Гамал Абдел Насер, негов близок соработник при соборувањето на кралот Фарук Први во јули 1952 година. 1956.­ Во говорот на 20 конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, Никита Хрушчов го осуди владеењето на Сталин.
1972.­ Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се варти на Земјата со примероци од тлото на Месечината.
1976.­ САД ставија вето на резолуцијата на Обединетите нации со која беше осудена израелската анексија на источен Ерусалим.
1983.­ Во Њујорк умре Тенеси Вилијамс, американски драмски писател, добитник на две Пулицерови награди и автор на многу познати драмски дела како што се „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, „Нежна птица на младоста“, „Трамвај наречен желба“ и други. Роден е во Колумбос, во државата Мисисипи, на 26 март 1911 година.
1991.­ Ирачката ракета „скад“ во Заливската војна погодувајќи ја касарната на американските маринци усмрти 28 војници.
 1991.­ Во Будимпешта, Унгарија, министрите за надворешни работи и за одбрана на шест земји­членки на Варшавскиот договор (Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија и Унгарија) потпишаа Протокол за укинување на неговата воена организација, по 36 години постоење (14 мај 1955 година).
 1993.­ Бомбата која во њујоршкиот Светски трговски центар ја подметнаа исламски терористи усмрти шест, а рани повеќе од илјада луѓе.
1993.­ Ким Јонг Сам ја презеде должноста претседател на Јужна Кореја како прв цивил после 32 години на чело на таа азиска држава.
1994.­ Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија.
1994.­ САД го протераа рускиот дипломат Александар Лисенко, тврдејќи дека станува збор за шеф на руските разузнавачи во Вашингтон.
 1998.­ Должноста претседател на Јужна Кореја ја презеде Ким Де Џунг, поранешен долгогодишен дисидентски лидер во текот на воената диктатура во земјата.
 1999.­ Народна Република Кина стави вето за продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП уште шест месеци во Република Македонија
. Од 1 март 1999 година УНПРЕДЕП ги прекина активностите во Република Македонија.
2003.­ Умре италијанскиот филмски глумец и режисер Алберто Сорди. Играше во повеќе од 200 филмови од кои 20 ги режираше. Филмови: „Под Римското сонце“ „Белиот шеик“, „Денгуби“, „Херој на нашето време“, „Мојот син Нерон“, „Големата војна“, „Меид ин Итали“, „Мал, сосема мал граѓанин“, ­ режија: „Извинете, дали сте за или против?“„Италијанец во Америка“.
2004.­ Чешкото собрание одлучи да испрати 100 чешки војници во Авганистан.
2005.­ Умре британскиот правник Питер Бененсон, основач на меѓународната организација за заштита на човековите права ­ Амнести интернешнл.
2007.­ Иран успешно ја лансира првата ракета сателитски носач, дело на домашни научници. Во соработка со Русија, Иран, две години порано, во вселената го лансираше и сателитот „Сина 1“.
2007.­ Во самоубиствен напад во дворот на една багдадска образовна институција беа убиени најмалку 40, а ранети 34 лица.1570.­ Папата Пие Петти иако од црквата ја екскомуницира англиската кралица Еилизабета Прва тоа не влијаше на нејзиниот цврст став кон Католичк

Пронајдете не на следниве мрежи: