25 практични употреби на Кока-кола

Од младо до старо, сите го обожуваме овој пијалак со уникатен вкус. Дел е од секоја трпеза и гостин на секоја слава, свадба, крштевка, матурска, дипломска итн. Но, сте се запрашале ли дали и како може овој пијалак да ви се најде и на друго место и во друга ситуација? Прочитајте подолу. 
1.Ја чисти тоалетната школка – Само сипете кока-кола во школката, и почекајте еден час. Потоа многу лесно со четка ќе ја исчистите школката.
2.Чисти дамки од облеката – сипете малку кока-кола заедно со детергентот во машината за перење. Благодарение на карбоксилните и фосфорните киселини кои ги содржи, лесно ги отстранува дамките.
3.Чисти и прозорци – кока-колата содржи и цитрусна киселина, како и многуте средства за чистење прозорци и стаклени површини.
4.Убива инсекти – мравките и лебарките не поднесуваат одредени состојки во кока-колата, па лесно може да се ослободите од нив доколку малку ги попрскате.
5.Избледува боја за коса – ако косата сте ја бојадисале потемно одошто сте посакувале, измијте ја со кока-кола. Нејзините активни состојки ја избледуваат бојата.

 
6.Помага при вадење гума за џвакање од косата – го решава еден од најголемите проблеми на тинејџерите. Посипете ја гумата со кока-кола и почекајте неколку минути. Гумата многу лесно се вади.
7.Ублажува убоди и каснувања – ако ве касне оса, пчелаили комарец, па и ако ве допре медуза, кока-колата совршено ја смирува болката на каснатото место.
8.Мие садови – сипете кока кола во тавите и тенџерињата со закоравена маснотија. Кока-колата ќе ја разгради маснотијата за неколку минути.
9.Отстранува 'рѓа – Ортофосфорната киселина реагира со 'рѓата на металните предмети, по што истата лесно може да се исчисти.
10.Добар пестицид – Како што напоменавме пред малку, кока-колата убива инсекти, па затоа во многу земји се користи во полињата и овоштарниците наместо штетните пестициди.

 
11.Топи мраз – зимно време посипете малку кока-кола на прозорците на автомобилот. По само неколку минути мразот лесно ќе се стопи и ќе биде отстранет.
12.Растерува инсекти – наместо скапи препарати во градината оставете неколку отворени лименки кока-кола и инсектите повеќе нема да ви додеваат.
13.Се бори со мирисот од творот – ако некогаш ве нападне твор, кока-колата совршено ќе го отстрани непријатниот мирис.
14.Помага за растот на тревата – додадете малку кока-кола во ѓубривото за побрз раст на тревата во вашите дворови.
15.Ве забавува – ставете ментол бомбона во шише диетална кока-кола и уживајте во глетката на фонтана од кока-кола.

 
16.Ги светнува монетите – потопете ги монетите во кока-кола и ке светнат како нови.
17.Ја витка косата – посипете малку кока-кола на косата ако сакате разиграни локни, но внимателно измијте ја, бидејќи може да предизвика проблеми и да ја направи косата леплива.
18.Го освежува лицето – помешајте една кафена лажица кока-кола во вашата крема. Лицето ќе ви дибе масно и сјајно.
19.Отстранува боја – ако се накапете со боја, веднаш натопете крпа во кока-кола и истријте го местото. Потоа измијте го истото со сапун и вода за да не биде лепливо.
20.Го чисти акумулаторот на автомобилот – ако ја сипете во акумулаторот, кока-колата нема да ја разреди сулфурната киселина, па така може лесно да го исчисти истиот.

 
21.Подмачкува – можете да ја користите кока-колата за разлабавување на метални завртки и навртки.
22.Отстранува дамки од масло – само посипете ја дамката на подот со кока-кола, оставете да отстои неколку минути, а потоа исчистете ја со вода и четка.
23.Го чисти базенот – сипете два литри кока-кола во базенот во вашиот двор, и по некое време испуштете ја водата и ќе с еуверите во позитивниот ефект.
24.Чисти крвави дамки – дури и се верува дека места ан злосторства по заворање на случаите се прочистуваат со кока-кола, но тоа е се уште непотврдено.
25.Може да ги „остари“ документите – потопете фотографија или хартија во кока кола само на една секунда и потоа оставете ги да се исушат. Ќе постигнете ефект на стари документи и фотографии.
  
1.Ја чисти тоалетната школка – Само сипете кока-кола во школката, и почекајте еден час. Потоа

Пронајдете не на следниве мрежи: