Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да продолжи судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба, за тероризам и учество во терористичка организација, за настаните во мај минатата година каде се сееја смрт и страв.На рочиштето што се одржа пред два дена беа сослушани четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица „Гошинце“ и еден очевидец од Диво насеље. Обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство. Судијата одговори дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку оттаму пристигне такво барање до судот.
Обвинителството тврди дека нападот во Дива населба бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.
За потсетување, на 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.
Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Во Скопје денеска е забележано зголемено присуство на полицијата на улиците, а хеликоптери постојано го надлетуваат главниот град.На рочиштето што се одржа пред два дена беа сослушани четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица „Гошинце“ и еден оч