Рави Кумар е чудо на природата! Овој млад човек е висок само 60 сантиметри и тежок цели 7 килограми и воопшто не би било чудно да е двегодишно дете , но сепак станува збор за 25-годишен маж од Индија, кој се верува дека е еден од најниските луѓе во земјата.
Рави Кумар , кој потекнува од Џанси, е единствениот член од неговото семејство со недостаток на хормон за раст . Други членови на неговото семејство тврдат дека забележале дека тој престанал да расте кога имал околу пет години .
Според приказните, тие го однеле кај локален лекар кој им кажал дека нивниот син има болест на тироидната жлезда.
-Од раѓањето го однесовме кај многу лекари. Ни рекоа дека има проблеми со тироидната жлезда и дека може да се лекува, рече неговата мајка која го носи насекаде и додаде дека немаат пари за неговото лекување .
Инаку, најнискиот маж, според снимените документи, бил Чандра Бахадур Данги од Непал, кој бил висок само 54,6 сантиметри . Тој почина во септември 2015 година, еден месец пред неговиот 76-ти роденден.
Пронајдете не на следниве мрежи: