Татко на фудбалер на Манчестер Јунајтед се обложи на синот и заработи

 

Таткото на 19-годишниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Таниклиф, Мик Таниклиф заработил 10 илјади фунти бидејќи пред десет години се обложил дека неговиот син еден ден ќе заигра за првиот тим на „црвените ѓаволи”.

Постариот Таниклиф во 2002 година, кога неговиот син имал 9 години вложил 100 фунти, а тикетот стана добитен во средата кога сега 19-годишниот Рајан дебитираше за првиот тим на Манчестер Јунајтед во натпреварот од англиската Лига куп против Њукасл Јунајтед. Тимот од Манчестер победи со 2:1, а младиот Таниклиф ги одигра последните 13 минути од мечот.

Интересно е што неговиот татко уплатил и 100 фунти обложувајќи се дека неговиот син еден ден ќе заигра и за најсилната фудбалска селекција на Англија, а доколку и тоа се оствари, во тој случај ќе заработи дополнителни 30 илјади фунти.

 

Ова не е првпат во некоја од британските обложувалници да се направи таква отплата. Пред шест години Еди Киркленд, своевремено фудбалски голман, заработи исто така 10 илјади фунти, бидејќи се обложи дека неговиот син Крис Киркленд до својот 30-ти роденден ќе го чува голот на репрезентацијата на Англија. Тоа се оствари кога актуелниот голман на Шефилд Вендсдеј во 1006 година настапи во пријателскиот натпревар против Грција на 25-годишна возраст. Неговиот татко ги уплатил 100-те фунти кога Крис имал само 11 години. Интересно е што тоа беше единствениот настап на Киркленд за англиската селекција, и потоа веќе ниеднаш не беше земен во тимот на „Гордиот Албион”.

 

Макфакс

извор: Hina

Пронајдете не на следниве мрежи: