Гласините за bug-от на Фејсбук ги загрижија корисниците на социјалната мрежа низ целиот свет затоа што приватните пораки се достапни на timeline. Сепак од компанијата на Цукерберг ги демантираат овие тврдења велејќи дека всушност се работи за постари објави на ѕидот на корисниците.
Серија на извештаи од Франција, вклучувајќи и извештаи од Metro France и Le Nouvel Observateur, тврдат дека приватните пораки кои ги праќале корисниците на Фејсбук во последните неколку години се појавуваат во нивните јавни објавувања.
Иако корисници од САД тврдат дека приватни пораки од 2007 и 2008 година се појавиле нанивниот timeline, сепак од Фејсбук заMashable тврдат дека не пронашле bug и се уверени дека овие разидувања доаѓаат од широкото претставување на новиот изглед на timeline.
Исто така, доколку можете да коментирате или да кликнете Like на некоја активност тогаш тоа е објава на ѕид, а не приватна порака, додаваат од Фејсбук. Порано корисниците неможеа да коментираат или да Like-уваат содржини, па од компанијата се уверени дека корисниците кои се нови со timeline ги мешаат старите објави со приватните пораки – се вели во соопштениет од Фејсбук.
„Мал број на корисници се загрижени по грешка верувајќи дека приватни пораки се појавуваат на нивниот timeline“ – изјави Fred Wollens од Facebook Policy Communications. „Нашите инженери ги истражуваа овие извештаи и заклучија дека пораките биле стари објави на ѕид кои отсекогаш биле видливи на корисничките профили. Фејбук е задоволен што нема кршење на приватноста на корисниците. Иако технички не е невозможно да се случи вакво нешто, овие системи работат на два одделни backend-и за што е потребен несекојдневен обем на работа за овој bug да биде реален“.
Сите корисници кои што се загрижени дека можеби се изложени на овој bug може да ги подесат своите профили видливи само за нив самите или да ја скоријат активноста.
Може да ве интересира:
Дали пораките на Фејсбук се јавно достапни
Пронајдете не на следниве мрежи: