Интересна е приказната околу можниот трансфер на Бугарскиот голгетер Димитар Бербатов во екипата на Вардар, „Пулс24“ целосно ве враќа години наназад на оваа интересна приказна која силно одекна помеѓу љубителите на Македонскиот фудбал.
Можел многу лесно да премине во тимот на Вардар, но, можниот трансфер бил целосно спречен од Скопски Вардар, бидејќи наводно напаѓачот едноставно “немал“ доволно фудбалски потенцијал, квалитет и талент во себе.
Целиот настан по се изгледа центарот на случувањата го има во Благоевград, каде се играл дуелот помеѓу екипите на Пирин и Велбужд (Ќустендил). Мечот требало да се одигра во Ќустендил, но поради лошите временски услови тој се одиграл во Благоевград. Директорот на Вардар наводно имал за цел да ја проследи играта на двајца фудбалери на Велбужд, за кои подоцна проценил дека не биле доволно квалитетни да го носат дресот на Вардар.
Она што е најинтересно од овој настан, на овој натпревар се истакнал токму Димитар Бербатов, тогаш 17-годишен фудбалер кој го носел дресот на Пирин со број 10. Постигнувајќи два гола на тој меч едноставно започнува целосната негова најава дека од него ќе следат големи успеси на голгетерски план. Но, тоа не било доволно за челниците на Вардар да проценат дека станува збор за квалитетен играч.
Имено, лично претседателот на Пирин им го понудил на Вардар, напаѓачот за мошне поволни финансиски услови, но едноставно челниците на Вардар воопшто не биле заинтересирани за овој трансфер.
Она што е најтрагично е фактот што дури и самиот Димитар Бербатов пројавил желба да игра за Вардар.
Неговите успеси започнуваат токму од тимот на Пирин, каде за тамошниот резервен тим на 92 натпревари постигнува неверојатен гол-учинок од дури 77 голови.
Кариерата на Бербатов е преполна со низа на успеси како на клубски така и на репрезентативен план. Се прослави во тимот на Баер Леверкузен каде со одиграни 154 натпревари постигна маестрална бројка од 69 голови, што беше повод за напредок во клубската кариера и трансфер во Тотенхем, каде на 70 натпревари постигна 27 голови, а потоа следеше и трансферот во еден од најголемите фудбалски гиганти во светот, тимот на Манчестер Јунајтед, каде на одиграни 108 натпревари постигна 48 голови, моментално е член на Фулам, до овој момент има одиграно 2 натпревари и има постигнато 2 гола за овој тим. Во Бугарската репрезентација на 77 натпревари постигна неверојатни 48 голови.
За веста се користени и дополнителни информации од: www.utrinski.com.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: