Комета што свети 15 пати посилно од Месечината ќе помине покрај Земјата

 Следната година покрај Земјата би требало да помине комета која е посветла од Месечината.

Кометата ИСОН се наоѓа во Сончевиот систем, а на својот пат кон Сонцето во ноември и декември ќе биде видлива од Земјата. Се претпоставува дека оваа комета ќе свети посилно од било која комета во минатиот век и дури ќе биде видлива и среде ден, пишува „Дејли Мејл“.

Ова патување кон Сонцето веројатно ќе и биде последно, бидејќи се очекува да „нурне“ во Сонцето. Кометата во моментот се движи од насока на Јупитер,а како што ќе се приближува на Земјата, ќе може да произведе неверојатна светлина што ќе биде посилна од Месечевата.

Доколку кометата ИСОН сепак ја преживее средбата со Сонцето, ќе поминат милиони години пред да се врати во Сончевиот систем. Кометата ќе свети така што сончевата топлина ќе го претвори мразот во кометата во гас кој потоа остава светлосна опашка долга стотици илјади километри.

Се очекува да почне да свети кон крајот на ноември и почетокот на декември следната година.

Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: