Внукот на Фрањо Туѓман, 26-годишниот Игор, во четврток вечер побарал лекарска помош во белградскиот Ургентен центар, тврдејќи дека во Нови Сад го тепале непознати момчиња, дознава Blic.
Игор Туѓман побарал помош десетина минути пред полноќ. А тврдел дека три часа порано во хотелот „Стари фијакер“ во Нови Сад го претепале непознати момчиња.
Исто така, се наведува дека тој е повреден и дека во хотелот бил заедно со Наташа Туѓман.
Полицијата ги проверува неговите наводи.
Игор Туѓман во јуни мистериозно исчезна, а во потрагата по него се вклучија и српската и хрватската полиција.
Инаку, тој подолго време се обидува да се пробие како фолк ѕвезда во Србија, а се пријавил и за учество во следната сезона на „Јас имам талент“.
Игор Туѓман е во сродство со починатиот хрватски претседател по таткова линија, затоа што Фрањо бил роден чичко на неговиот татко.
Сепак, фамилијата Туѓман од војната наваму, не функционира баш најдобро и членовите меѓусебно не комуницираат.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: