Канту и Ле Ман во борба за Евролигата

 

Кошаркарите на Канту и Ле Ман ќе играат во финалето на квалификациониот турнир за пласман во Евролигата, откако во полуфиналните мечеви ги победија своите опоненти, Нимбурк, односно Уникс Казањ.

Канту го победи Нимбурк со 89:83 благодарение на одличната игра во третата четвртина. Арадори со 19,Смит со 18 и Брукс со 14 поени бае најефикасни во редовите на Канту, додека поразениот тим со 16 поени го предводеше Тејлор. 

Неизвесен беше и вториот меч во кој Ле Ман го победи Уникс со 86:78. Ле Ман беше екипата која имаше предност, Уникс успеа да го стигне противникот во финишот на третата четвртина, но предноста рускиот тим не знаеше да ја сочува. Батиста со 20 поени и 10 скока беше најдобриот играч на Ле Ман, Кајмакоглу со 20 и Четмен со 19 поени беа најефикасни во редовите на Уникс. 

Финалниот меч по кој ќе биде познат последниот учесник во Евролигата за сезоната 2012/2013 ќе се одигра во петок со почеток во 20:30 часот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: