Во Франција започна истрагата за топлес фотографиите на Кејт Мидлтон

Француските судски истражители започнаа со проучување на објавувањето од страна на магазинот Closer пикантните топлес фотографи на војвотката од Кембриџ Кетрин, пренесува во петокот AFP цитирајќи извори во судството.

Таблоид магазинот Closer на 14-ти септември објави фотографии на Кетрин и нејзиниот сопруг принцот Вилијам додека го минувале одморот во јужниот дел на Франција. На некои од нив војвотката е фотографирана топлес. Поради тоа, адвокатот на Кејт и Вилијам, Орелен Амел поднесе тужба против списанието пред судот во Нантер, предградие на Париз, со барање за забрана за натамошното дистрибуирање на снимките, односно продажба, печатење и објавување на интернет.

За втората тужбата поднесена со барање да се идентификуваат и да се казнат виновниците, потребно е повеќе време. Според AFP, обвинителите наредија спроведување истрага, којашто му е доверена на истражен судија. Тој ќе треба да го идентификува авторот на фотографиите.

Минатата седмица, познатиот француски фотограф Паскал Ростен изјави дека автор на фотографиите е Ирец кој живее во јужна Франција, но не го именуваше. Според него, Closer можел да плати неколку стотици илјади евра за готовите фотографии или, пак, да заштедил однапред порачувајќи ги.

Редакцијата на списанието не ја кажа сумата што ја платила ниту, пак, името на авторот на фотографиите, но призна дека со него соработувале и претходно.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: