Со овој начин на исхрана се намалува бројката на смртни случаеви

Вегетаријанскиот начин на исхрана може годишно да спаси милион Американци, според резултатите од истражувањето спроведено на Харвард. Научниците од Харвард велат дека луѓето ја потценуваат зелената исхрана, пренесува Телеграф.

Во споредба со оние кои јадат месо, вегетаријанците јадат помалку заситени масти и имаат помало ниво на холестерол, а тоа се факторите поради кои се појавуваат срцевите и другите здравствени проблеми.

Вегетаријанската исхрана содржи многу витамин Ц и Е, диетални влакна, фолна киселина, калиум, магнезиум и фитохемикалии. Поради тоа вегетаријанците имаат ниско ниво на холестерол, низок крвен притисок, помал индекс на телесна маса, сите фактори кои го намалуваат ризикот од многубројните хронични болести.
Овие сознанија ги презентираше професорот по епидемиологија на Харвард Валтер Вилет на четвртата меѓународна конференција Unite to Care одржана во Ватикан.

После деценија, сè повеќе докази покажуваат на тоа дека вегетаријанскиот начин на исхрана е поврзан со помалиот ризик за заболување од хроничните болести.

Ова истражување тврди дека барем третина од смртните случаеви можат да се одбегнат ако од храната се отфрли месото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.