Шварценегер: Неверството е најглупата работа што сум ја направил

 

 Американскиот актер од австриско потекло и поранешен републикански гувернер на сојузната држава Калифорнија, Арнолд Шварценегер во телевизиско интервју призна дека неговата авантура надвор од бракот од која роди син и придонесе за неговиот развод, е „најглупото“ што го сторил во животот.

Во разговорот за емисијата „60 minutes“ на американската телевизиска мрежа CBS којашто ќе се емитува овој викенд пред објавувањето на неговите мемоари, Арнолд Шварценегер признава дека и’ нанел голема болка на сопругата Марија Шрајвер, инаку член на големиот влијателен во американската политика клан Кенеди.

„Мислам дека тоа е најглупото што сум го сторил во текот на нашата врска. Беше грозно. Им нанесов голема болка на Марија и на децата“, додава некогашниот светски шампион во бодибилдинг и холивудски акционен херој.

Марија Шрајвер во јули, поради „непомирливи разлики“ побара развод од сопругот со кој се сретна во далечната 1977 година и со кој се венчаше во 1986 година, пред Шварценегер да стане гувернер на Калифорнија во 2003 година.

Актерот официјално прогласи одвојување од сопругата во мај 2011 година, признавајќи дека има дете, Џозеф, роден 1997 година од врската со гувернантата Мидлред  Баена.

Поранешниот Мистер Универзум тврди дека неговата сопруга не ја прочитал неговата книга.

„Сакава да напишам книга за себе“, вели Шварценегер за мемоарите насловени „Total Recall“ според филмот на Пол Верхоен во кој настапи во главната улога во 1990 година. Мемоарите во Северна Америка треба да се појават во понеделник.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: